Екипата на ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија го освои второто место.
Гевгелиските ученици победија со 2:0 против ООУ „Петар Мусев“ од Богданци.
ООУ „Кочо Рацин“ од Нов Дојран го освои првото место и обезбеди пласман на регионалниот натпревар.
Машката одбојкарска екипа на ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија го освои второто место на зонскиот натпревар за основни училишта. Гевгелиските ученици победија со 2:0 против ООУ „Петар Мусев“ од Богданци.
Првото место го освои екипата на ООУ „Кочо Рацин“ од Нов Дојран, која обезбеди пласман на регионалниот натпревар. Дојранските одбојкари ги совладаа екипите од Валандово и Гевгелија, и двете со резултат 2:0.
Зонскиот натпревар за машки екипи од основните училишта го организираше Федерацијата на училишен спорт на Македонија (ФУСМ).
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.