На митрополитот Агатангел му сослужуваа свештенослужители од Повардарската епархија.
При гевгелиската црква има параклис посветен на свети Нектариј Егински.
Во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија вчера се собраа многу жители на градот на литургија во чест на свети Нектариј Егински. При црквата има и параклис посветен на светецот.
Литургијата ја отслужи повардарскиот митрополит Агатангел, а со него сослужуваа повеќе свештенослужители од Повардарската епархија. Годинава денот кога Православната црква го чествува споменот на свети Нектариј се совпадна со 25-тата недела по Педесетница.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.