Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Крсте Мисирков – Гевгелија
Тимот на „Диаверум“ го покажа секој чекор од правилното миење раце.
Учениците учеа како оваа навика помага да не се шират заразни болести.
Претставници на ПЗУ „Диаверум“ им покажаа на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија како правилно да ги мијат рацете. Децата го следеа секој чекор на час по природни науки посветен на грижата за сопственото здравје.
Тимот им објасни на учениците зошто миењето раце е една од најефикасните навики за заштита од бактерии и вируси и за спречување на ширењето на заразните болести. Целта на практичната лекција беше децата уште од мали да стекнат навика со која го чуваат и своето здравје и здравјето на луѓето околу нив.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.