Гевгелија 8°
Редакција: Гевгелија.мкИспрати тема

Мени на Гевгелија.мк

Редакција:Гевгелија.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Гевгелија ја доби наградата „Младински пријателски град“ за Југоисточниот Регион

Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Гевгелија
Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Гевгелија

Општина Гевгелија ја доби наградата „Младински пријателски град“ за 2026 година за Југоисточниот Плански Регион. Признанието се темели на национално истражување за напредокот на општините во исполнувањето на законските обврски за младинско учество и младински политики.

Истражувањето ги опфати 80-те општини и Град Скопје. Врз основа на доставени докази беа анализирани нивните активности и напредокот во исполнувањето на законските обврски, обезбедувањето услови за учество на младите и унапредувањето на нивната положба на локално ниво. Беа доделени осум признанија, по едно за секој плански регион.

Наградата беше врачена на Четвртиот национален форум за младинска работа 2026, одржан од 10 до 12 ноември во Младинскиот центар во Охрид. Форумот го организираа Коалицијата на младински организации СЕГА и Младинскиот центар Охрид, во партнерство со Министерството за социјална политика, демографија и млади, УНДП, УНФПА, „RYCO“ и ОБСЕ.

На форумот учествуваа повеќе од 70 луѓе, меѓу кои и четворица градоначалници и седум службеници за млади. На два панели и шест работни сесии, претставници на општини, институции и младински организации, заедно со младински работници од целата земја, разменија искуства за младинската работа и разговараа за соработката на локално и национално ниво.

Општина Гевгелија го оцени признанието како поттик да продолжи со активностите за поддршка на младите и создавање можности за нивно активно учество во процесите и случувањата во локалната заедница.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.